Цените растат од ден на ден, но висината на платите останува речиси иста. Зошто е тоа така?
Во најголемите светски економии инфлацијата ги „јаде“ платите. Трошоците за живот стануваат се повисоки и повисоки. Инфлацијата во САД е 8,3 отсто, додека во еврозоната е 8,1 отсто.
Платите во овие делови на светот годинава пораснале за само пет, односно три проценти. Кај нас е уште полошо.
Економистите велат дека постојат пет значајни причини зошто е тоа така.
Како прва, истакнаа дека синдикатите се слаби, со што ги ослабнале колективните преговарања со работодавачите. Во САД, 27 отсто од работниците биле дел од синдикатите во 1979 година, а сега само 11,6 отсто се дел од синдикатите. Како резултат на тоа, платата беше помала.
Втората причина е она што се нарекува скриена невработеност. Официјалните бројки покажуваат дека има ниска стапка на невработеност во САД и Обединетото Кралство, што теоретски би ги принудило компаниите да ги зголемат платите. Сепак, експертите сметаат дека реалниот број на невработени е многу поголем.
Третата причина е што во услови на криза компаниите споро одлучуваат за зголемување на платите – кризата значи неизвесна иднина.
Четвртата причина е тоа што светот сè уште се опоравува од рецесијата која започна во 2008 година. Платите се зголемија до износот што беше пред почетокот на рецесијата.
Петтата причина зошто платите растат малку или воопшто не растат во време на инфлација е тоа што платите и инфлацијата не се поврзани како што многумина мислат дека се поврзани. Инфлацијата ги следи цените на стоките и услугите, додека висината на платите реагира на промените на пазарот на трудот.