Одлуката е донесена синоќа на состоанокот со што ги укинуваат гратис километрите.
Во соопштението стои дека секој повик на граѓаните да им дојде такси возилото ќе ги чини 70 денари, додека секој километар дополнителни 25 денари. Најкратките релации ќе чинат 80 или 90 денари, додека подолгите ќе бидат над 100 денари. Висината на цената на стартот не се менува, бидејќи е потребна одлука на Советот на Општината.
Нафтата се очекува да оди и до две евра или 120 денари. Владата да донесе и нови мерки од 1 јули, намалување на акцизи или данок ќе значи намалување некаде за 5 до 10 денари. Вака ќе возиме до септември, по што очекуваме ново зголемување, рекоа од здружението на такси компаниите.
Такси компаниите бараат промена на Законот за патен сообраќај, со што ќе им овозможи формирање на цените согласно пазарните услови. Доколку нема владини мерки за стабилизирање на цените на горивата тогаш ново поскапување ќе има уште еднаш во јули и на почетокот од септември.
извор: vesnik.com