Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемија за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се зголеми за 3,00 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,809 ден/кг и сега изнесува 56,317 ден/кг.
Од 14.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 111,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС – 98 113,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 107,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,317 (денари/килограм)