Со новите измени во законот за пензиско и инвалидско осигурување и продавачите на зелените пазари ќе одат во пензија со бенефициран стаж.
За пензинско и здравствено осигурување ќе треба да плаќаат по околу 2.000 денари месечно колку што е основот за осугурување за земјоделец-поединец.
Во фаза на донесување се и измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување каде е вметнат основот за осигурување на пазарџиите.
Од комората велат дека конечно после скоро десет години преговори со властите, ќе се реши статусот на пазрџиите. Со ова законско решение се очекува да се намали сивата економија и да се подобри статустот на продавачите на тезги.
Законот како таков е фантастичен за пазарџиите. Многу е лесен. Не ни дава никој милостина на нас. Нека не мисли некој дека оваа група на луѓе е привилегирана. Не, не, апсолутно не! Само ние сме се бореле сме ја нашле меодологијата да ги ослободиме луѓето од непотребни давачки што нема да бидат на штета на државата, ни на штета на пазарџиите. Со оваа проблематика што е регулира сега, замислете вие 15 до 20 илјади тезги, по 100 евра персонален данок годишно тоа е добра сума на пари, рече Екрем Долек, Комора на пазарџи.
Од следната година пазарџиите кои што продаваат на тезги на зелените пазари ќе треба задолжително да имаат лиценца ако сакаат да работат. Покрај тоа тие ќе треба задолжително да плаќаат пензсиско и здравствено осигурување. Лиценцата ќе чини околу 60 евра и ќе се обновува еднаш годишно.