Мотивираниот работник постигнува натпросечни резултати, а кога станува збор за најголемиот мотиватор – најчесто се мисли на парите.
Мотивираноста на вработените е сила која ја движи целата компанија. Вработените кои се мотивирани покрај тоа што постигнуваат подобри резултати, тие стануваат и лојални кон компанијата којашто ги цени.
За правилно да ги мотивирате своите вработени, најпрво треба да ги истражите нивните потреби и цели.
Како стимулативни средства за зголемување на мотивација најчесто се користат: пари, признанија, одмор, унапредување и слично.
Многумина сметаат дека парите се најголемиот и најефикасниот мотиватор. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека парите се мотиватор само до одредена граница, а кога ќе се достигне таа граница, нивниот мотивациски ефект полека почнува да се намалува.
Тоа значи дека со секој вложен денар, менаџерите ќе добиваат се помалку единици мотивираност.
Токму затоа од клучно знаење е да се знаат и останатите начини на мотивирање на вработените.
Што е тоа што вработените најмногу ги мотивира менаџерот за човечки ресурси може да дознае само доколку директно комуницира со нив.
Принципот на функционирање на успешните големи компании се состои во тоа што менаџментот предлага работници кои заслужуваат награди, како и методи со кои ќе се стимулира работењето на останатите вработени. Исто така, мора да се води сметка за принципот на правничност – секогаш да се наградуваат вистинските луѓе бидејќи во спротивност ќе се јават контра ефекти и демотивација.