Ќе следи ли намалување на администрацијата, на пратениците, на министрите, општинските совети… односно, на сиот оној „јавен сектор“ кој што досега беше планиран за повеќе од два милиони жители. Ако веќе се намалило населението, треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.
Ако сакаме Македонија да ја спасиме од банкрот треба бројот на пратеници да се намали на 90. Во администрација, полиција, образование има огромна превработеност, велат граѓаните.
Губење на Куманово и Прилеп заедно… ете тоа е последицата од драстичното намалување на населението што и се случува во Македонија во текот на последниве 19 години. Тоа го покажа пописот – државата изгубила дури 185.834 жители. Односно, во земјава сега живеат 1.836.713 граѓани, додека пописот од 2002 година утврдил дека сме имаме 2.022.547 жители.
И, логично би било да следи намалување на администрацијата, на пратениците, на министрите, општинските совети… односно, на сиот оној „јавен сектор“ кој што досега беше планиран за повеќе од два милиони жители. Ако веќе се намалило населението, треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.
Дали на Македонија и се потребни 132.088 вработени во државна администрација, војска, полиција, здравство, образованието…? Дали се потребни 120 пратеници коишто примаат големи плати, дали се потребни толку многу општински советници?
– Ако сакаме Македонија да ја спасиме од банкрот треба бројот на пратеници да се намали на 90. Во администрација, полиција, образование има огромна превработеност. Имаме најмногу полицајци во Европа по број на жители, а не дај боже да имаме некоја потреба да бараме услуга од администрацијата. Ако немаш пријател тогаш треба да се молиме на Бога да сретнеме некој од ретките совесни вработени", велат експертите.
Слично мислат и граѓаните
Споредбено со другите слични држави мислам дека бројот на пратеници, на министри треба да се сведе на минимум. Односно, да имаме само 60 пратеници, а во јавниот сектор да се 60 илјади вработени. Дали ќе се случи намалувањето, останува да се види. Надлежните до и по пописот упорно тврдат дека неговите податоци ќе се користат за подобро планирање на развојот на Македонија.
Има премногу министерства, јавни претпријатија…
Има премногу министерства во Македонија. Најмалку 3 -4 треба да отпаднат. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни… Се тоа треба да се намали. Може да уследи и намалување на бројот на советниците по општините, премногу ги има, а општините се намалија со жители.
извор: skopskoeho.mk