Ако отсекогаш сте сонувале да работите помалку работни часови можеби сега сте се поблиску до таа желба - особено ако работите на далечина.
Има се повеќе дигитални номади кои избираат земји, односно компании кои им нудат поголема слобода и флексибилност, а трендот особено се засили од периодот на пандемијата.
Имено, се повеќе се зборува за работна недела од 4 дена, дури и таму каде што има „строга“ деловна култура, како што е случајот со Јапонија.
Во декември 2021 година, во обид да се намали стресот на вработените, Обединетите Арапски Емирати исто така го намалија работното време за своите владини службеници.
Земјите како Јапонија, Нов Зеланд, Ирска и Шкотска веќе направија чекор во оваа насока и имаат четиридневна работна недела. Што е најважно, квалитетот на работата во овие земји се подобрува со текот на времето.
А не смееме да го заборавиме и Исланд, каде овој модел се покажа како многу успешен. Работниците изјавија дека се чувствуваат помалку под стрес и помалку изложени на ризик од исцрпеност.
Дали мислите четиридневна работна недела треба да се воведе и кај нас?