На денешната седница на РКЕ е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 проценти во однос на одлуката од вчера.
Мазутот М-1 НС поевтинува за денар по килограм од ноќеска на полноќ, а нема промени кај малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
На денешната седница на РКЕ е донесена Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 проценти во однос на одлуката од вчера.
Новата цена на мазутот ќе изнесува 54,291 денар по килогра. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се продава за 110 денари по литар, а по 112 денари ЕУРОСУПЕР БС – 98. И литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 110 денари, а 107 Екстра лесно 1 (ЕЛ-1).
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,186 проценти.