Две третини од луѓето во светот работат на црно, а невработеноста брзо скокна од 186 милиони колку што беше во 2019 година на 207 милиони колку што е сега.
Повеќе од 40 милиони луѓе се во модерно ропство, од кои 25 милиони се на принудна работа, а 15 милиони се главно жени во принудни бракови. „Сето ова се случува само затоа што профитот од таквата принудна работа е огромен и изнесува околу 150 милијарди долари годишно.
Загрижувачки е фактот што бројот на деца на детски труд е зголемен за над осум милиони и дека денес е околу 169 милиони.
Кога станува збор за влијанието врз сиромаштијата, скок од околу 10 отсто е забележан во категоријата екстремна сиромаштија, каде што луѓето живеат со помалку од девет долари дневно.
Ниско платените работници најмногу настрадале поради ковид бидејќи останале без работа, што го зголемило износот на просечната заработка. Пандемијата ги погоди малите бизниси повеќе отколку големите, кои инаку се попродуктивни.
извор: biznisinfo.mk