Познатиот стадион „Ла Плаза Мексико“ ги повика навивачите да протестираат против пресудата и да ги објават своите фотографии со испишан збор слобода. Тие најавија и дека ќе се жалат на пресудата.
„Ќе ги одложиме закажаните борби со бикови и ќе продолжиме легално да ги браниме мексиканските обичаи и традиции до степен што е дозволен со закон“, се вели во соопштението на La Plaza Mexico.
Но, судот веќе отфрли една жалба на пресудата. Во мај е донесена привремена забрана за борби со бикови врз основа на поплаките дека борењето со бикови го нарушува правото на жителите да живеат во здрава животна средина без насилство.
Борбите се закажани за јули и септември, а оваа одлука може да го означи крајот на речиси 500-годишната традиција на борби со бикови во Мексико.
Според историчарите, шпанскиот освојувач Хернан Кортес ги гледал првите борби со бикови во 1520-тите. Од 2013 година, четири сојузни држави во Мексико ги забраниле борбите со бикови, а анкетите покажуваат значителна поддршка од граѓаните за таа одлука.
извор: kanal5.com.mk