Не сите уживаат на плажа покрај вода. Има и такви кои го сакаат планинскиот туризам, чистиот свеж воздух во летните денови. Е токму за нив ски - центарот Попова Шапка има новитети за ова лето.
Оваа година има неколку новитети за летниот туризам во ски-центарот Попова Шапка. Ќе има зип - лајн од 300 метри со капацитет од 300 лица кој ќе можат да го користат и наскоро ќе почне да се гради. Во функција ќе бидат и бачилата кои за првпат беа пуштени во употреба за време на зимската сезона, истите ќе продолжат да работат. Веќе има снабдено и 15 велосипеди за бајкинг во планината.
Жичарницата овозможува незаборавна глетка на зимската идила на Шапка, но оваа планина треба да ја доживеете и во лето. За таа цел ќе биде пуштен и шестоседот за панорамска прошетка, а ќе биде поврзан со зип лајнот. Во функција ќе биде и двоседната жичарница која води до највисокиот врв на Шапка, Церипашина. Мошне атрактивно за туристите е јавањето коњи, па ќе им биде овозможено и тоа задоволство на оние кои уживаат во тоа.
Најавени се првите туристи од странство за летниот период, имаме резервации од Чешка, од соседството, од целиот регион од Косово, Албанија, Србија.
извор: mk.tv21.tv