Во конфекциските производни погони во Албанија има околу 20.000 слободни работни места, но нема заинтересирани за работа, па за да го пополни недостигот, оваа индустрија вработува странци, главно од Филипините.
-Во последниве години оваа индустрија се соочува со големи тешкотии во кадровската екипираност. Поради недостиг, бизнисите работат со намален капацитет. Вработуваме странци од азиските земји, главно од Филипни, но тоа не е решение, зашто тие само привремено се тука. Нивна цел е заминување во земјите на ЕУ, изјави Ѓерѓи Ѓока, претседател на здруженето на претприемачи.
Од друга страна, додава тој, нашата политика не е политика да ангажираме странци.
-Кога го отворивме овој бизнис во Албанија, не мислевме дека ќе вработиме странци, мислевме дека ќе ангажираме Албанци. Сега Албанците ги земаат торбите и бегаат од земјава со надеж за подобра иднина. Во овој контекст, не ни преостанува ништо друго освен да размислуваме максимално да го искористиме моменталниот потенцијал. Иднината не ја гледам во вработување на странци, туку во квалитетот и професионалното вработување на Албанците, вели Ѓока.
Но, според медиумите, иселувањето не е единствената причина што претриемачите, од овој секотор не наоѓаат работници.
-Ниските плати, долгите работни часови и тешките услови ги оддалечуваат Албанците од оваа индустрија, констатираат албанските медиуми.