Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.06.2022 год. (вторник) започнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток); и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 јуни (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред и во банките со цел заштита на личното и јавното здравје.