Австрија усвои предлог мерки против инфлацијата и падот на куповната моќ на граѓаните, кои вклучуваат еднократна исплата за сите граѓани во вкупен износ од 500 евра. Канцеларот Марл Нехамер овој потег го нарече историски чекор кој ќе биде императив за најзагрозените.
Австриските медиуми пренесуваат дека еднократно ќе исплатат и помош за пензионерите со минимални примања и за невработените во износ од дополнителни 300 евра. Покрај тоа, во текот на август планирана е и дополнителна исплата во рамките на т.н. семеен додаток во поединечен износ од 180 евра.
Владата на Австрија тие мерки ги предложи минатата недела и меѓу другото, вклучуваат тримесечно одложување на воведувањето данок за емисија на CO2 од јули до октомври. Данокот за емисија на CO2 треба да изнесува 30 евра по тон и би пораснал на 55 евра по тон до 2025 година.
Одлуката во австрискиот парламент заедно ја изгласаа пратениците од Народната партија и партијата на Зелените. Вкупниот износ на тие итни мерки се проценува на околу 5 милијарди евра, а до 2026 година ќе чини вкупно 28 милијарди евра.