За четири до осум отсто се зголемени цените на билетите за дел од траектите во Грција, главно на оние од атинското пристаниште Пиреас, што е дополнително покачување на и онака зголемените цени.
Од лани билетите за траектите се зголемени за околу 25 до 34 отсто.
Поконкретно, согласно податоците што ги објавува грчката новинска агенција, од вчера билетот од Пиреа до островот Миконос од 48,50 сега чини 52,50 евра, за Наксос од 48 евра е 51,50 евра, за Парос од 46,50 евра е 50 евра, за Иос од 50 евра е зголемен на 54 евра.
За патување од атинското пристаниште Рафина, цените на билетите се непроменети.
Станува збор за трето поскапување на цените во изминатите месеци. Првото беше во април, второто на средината на јуни, а третото важи од вчера.
извор: vecer.mk