Просечниот износ на јавниот долг на земјите од Европската унија во 2021 година изнесува 88,1 отсто од бруто домашниот производ (БДП).
Тоа е намалување од 90 отсто од вредноста на БДП во 2020 година.
Оваа бројка, сепак, крие големи разлики меѓу членовите.
Додека јавниот долг на Грција изнесуваше неверојатни 193 отсто од БДП, Естонија е на дното на листата со јавен долг од 18 отсто од БДП на земјата.
Иако е добро познат високиот јавен долг на Грција, таа не е единствената земја чиј јавен долг го надминува БДП на земјата.
Јавниот долг на Италија е значителен и изнесува 151 отсто од БДП.
Португалија е трета во ЕУ, со јавен долг кој изнесува 127 отсто од БДП.
Овие три земји (Грција, Италија, Португалија) имаа уште поголем јавен долг во претходните години, но успеаја да го намалат и покрај пандемијата на коронавирусот.
Црна Гора има најголем долг во регионот
Во земјите од регионот, Црна Гора има најголем јавен долг – тој изнесува 83,27 отсто од БДП, пренесува Инвеститор.ме.
Членките на ЕУ Хрватска и Словенија се на второ и трето место; во Хрватска јавниот долг во 2021 година бил 79,8 отсто, а во Словенија 74,7 отсто.
Во 2021 година јавниот долг на Србија беше 56,9 отсто од БДП.
Јавниот долг на Босна и Херцеговина изнесува 36,01 отсто од БДП, додека јавниот долг на Косово е најнизок – 23,34 отсто од БДП.