Цената на нафтените деривати е пресудна во одлуката каде да се наполни резервоарот на пат до дестинација за одмор
Разликата во цената по земји покажува дека добриот избор може многу да ви заштеди и дека е важно колку чини бензинот или дизелот во Грција, Хрватска или Црна Гора.
Летната сезона е веќе во тек и сите што ќе се одлучат да патуваат со автомобил треба да очекуваат значително повисоки цени на горивата од претходните години. Цените во некои земји се менуваат на неделно ниво, како што е случајот во Хрватска, а најновиот преглед покажува дека сè уште горивото е најскапо во Грција, а најевтино во Босна и Херцеговина.
Дизелот е практично најскап во Грција (2.2 евра) и во Хрватска, а не е многу поевтино ниту во Германија, Италија и Унгарија.
Од друга страна, литар бензин е најевтин во Босна и Херцеговина и Бугарија.
Цената на дизелот во Европа (во евра)
- Србија 1,78
- БИХ 1,67
- Македонија 1,79
- Хрватска 1,93
- Германија 2.04
- Унгарија 2.09
- Грција 2.2
- Албанија 2.13
- Италија 2.04
- Романија 1,86
- Бугарија 1,76
- Словенија 1,84
- Австрија 2.06
- Шведска 2,45
Цена на бензинот во Европа (во евра)
- Србија 1,68
- БИХ 1,66
- Хрватска 1,85
- Македонија 1,77
- Германија 1,87
- Унгарија 1,93
- Грција 2.4
- Црна Гора 1,73
- Албанија 1,98
- Италија 2.07
- Романија 1,74
- Бугарија 1,69
- Словенија 1,75
- Австрија 2.08
- Шведска 2.17