Пријавете ги вашите позитивни проекти или практики што ги спроведувате во човечките ресурси за избор на Најдобрa Регионална HR пракса
Дали имате ритуали кои позитивно влијаат на вработените? Дали сте горди на организациската култура во вашата компанија?
Сè попредизвикувачките времиња принудија многу компании повеќе да се грижат за вработените и нивните желби и потреби, а преку Најдобрите регионални HR практики имате можност да слушнете како другите го прават тоа, но и да му кажете на светот како вие го правите тоа во вашата компанија.
Пријавете ги HR практиките кои имале влијание врз вашите вработени, без разлика дали се работи за културата на компанијата, деловните перформанси или општото задоволство.
Петте најдобро оценети проекти од стручното жири ќе добијат можност да се претстават пред публиката на конференцијата HR Days, која ќе се одржи на 21 и 22 септември 2022 година во Ровињ, за што ќе ја добијат и котизација за пристап до конференцијата. По презентацијата, публиката ќе ги оценува и практики и врз основа на целокупната евалуација ќе биде доделено признание за Најдобри регионални HR практики.
Членови на стручното жири за оваа година се Антеа Поповиќ, директор за човечки ресурси на Victus Група, Мојра Даутовиќ, менаџер за човечки ресурси во Bruketa&Žinić&Grey и Жељко Антолиќ, директор на единицата за човечки ресурси и член на извршниот менаџмент на Ericsson Nikola Tesla d.d.
Дознајте повеќе за претходните добитници на награди за Најдобри регионални HR практики овде.
Конкурсот од годинава е од регионален карактер, а свои HR практики освен компании од земјата организатор - Хрватска можат да пријават и компании од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Србија. Компаниите можат да се пријават со една или повеќе практики.
Крајниот рок за аплицирање е 25 јули 2022 година, а за можете да се пријавите преку официјалната веб-страница.
Ви стоиме на располагање за сите дополнителни прашања.