Владата на Франција најави дека на домаќинствата со ниски приходи ќе им даде итна помош за храна во износ од 100 евра по домаќинство и 50 евра по дете. Така помош ќе добијат 9 милиони домаќинства.
Министерот за економија на Франција, Бруно ле Мер, веќе најави дека ќе го ограничи закупот на недвижностите на најмногу 3,5% во текот на годината. Овие мерки му претходат на законот за куповна моќ, кој веќе подолго време го најавува француската влада и кој треба да биде претставен пред Советот на министри на 6 јули.
Во нацрт-законот се предлагаат неколку мерки, вклучувајќи покачување на пензиите и на семејните додатоци за 4%. Меѓутао, тоа зголемување нема да го покрие растот на цените од околу 7%, кој се очекува за септември годинава.
Останува прашањето на имплементацијата на тие меркиза куповна моќ да направи 20-25 милијарди евра дополнителни трошоци.