Во наредниот период се очекува да паде цената на пченицата и на сончогледот поради новата жетва, како и на цените на производите поврзани со овие култури.
Во наредниот период се очекува да паде цената на пченицата и на сончогледот поради новата жетва, како и на цените на производите поврзани со овие култури.
Маслото за јадење во наредните денови би требало да почне со намалување на цената. Треба да поевтинат производите што зависат од суровини како што е пченицата и сончогледот.
Доколку продолжи трендот на намалување на цените на суровините, а при тоа нема намалување на цените во преработката и трговијата, тогаш Владата ќе мора да интервенира. Тогаш согласно Законот за трговија ќе бидат предложени одреднеи мерки како замрзнување на цените или на маржите, се со цел да нема злоупотреби на грбот на потрошувачите.