Македонија е лидер во регионот кога е во прашање бројот на сиромашни семејства.
И од овој број, кој е релативно голем, околу 440 илјади граѓани живеат во сиромаштија и огромно мнозинство, околу 8% од сиромашните се вработени, 45% од сиромашните се невработени, 7% се пензионери и 33% останати. Тоа покажува дека Македонија води меѓу земјите од регионот, ако се анализира на пример Србија има 0,88% со апсолутна сиромаштија, Албанија има 0,45%. Сите земји на Балканот имаат помалку од 1%, додека ние имаме 3% и тоа има тенденција на зголемување.
Главната причина за осиромашувањето се екстремното поскапување на храната и енергенсите. Едно семејство треба да одвои околу 70% од семејниот буџет за да може да обезбеди храна за еден месец и да ги покрие другите основни трошоци.
Една од препораките е да се види можноста или да се направи сценарио за намалување на акцизите, на овој начин да се намали товарот на семејствата бидејќи некаде околу 40%, во ова 40% е за храна, а 18% за една година порасна само цената на нафтените енергенси.
Доказ за зголемувањето на бројот на сиромашни семејства во земјава е и зголемувањето на бројот на социјалните случаи, кој за период од две години е дополнет со нови 9 илјади семејства. Ако пред две години овој број изнесуваше 27 илјади социјални семејства, сега има 36 илјади.
извор: alsat.mk