Холандскиот парламент го одобри законот со кој работата од дома се воспоставува како законско право, што ја прави Холандија една од првите земји во светот која овозможува законска работна флексибилност.
Со законот се принудуваат работодавачите да ги земат во предвид барањата на работниците за работа од дома доколку тоа е можно во нивните професии.
Пандемијата со Ковид-19 предизвика промена во работните навики, па голем број работници сега бараат да ја задржат флексибилноста која ја имаа претходниве две години. Сепак, оваа тема ги подели ставовите, откако најголемиот број компании се обидуваат да одговорат на растечката побарувачка откако мерките поради пандемијата започнаа да се укинуваат.
Минатиот месец директорот на Тесла, Илон Маск, упати ултиматум до неговите вработени да се вратат во канцелариите или да си поднесат отказ доколку не сакаат да го направат тоа.
извор: radiomof.mk