Дали по завршување на викендот се подготвувате за следната работна недела? Ако сакате сè да оди совршено - потребен ви е совршен план
Постојат неколку совети кои ќе ви помогнат почетокот на работната недела и не толку омилениот понеделник да поминат што е можно подобро.
Ако сакате да си го олесните почетокот на уште една работна недела, овие совети можат да ви помогнат:
Проверка на календарот
Секој работен ден би можел да започне со оваа активност, но особено е важно да го проверите календарот со вашите работни обврски во понеделник наутро, на самиот почеток на работната недела.
На овој начин ќе можете да планирате на најдобар можен начин и да бидете сигурни дека имате доволно време за се, за да се заштитите од потенцијалниот стрес поради различните рокови за завршување на задачите.
Листа со обврски
Проверувањето и ажурирањето на списокот со задачи е уште една активност што треба да ја вклучите во утринската рутина, особено во понеделник. Додека сте уште свежи и одморени од викендот, запишете се што треба да направите оваа или следната недела и потсетете се што треба да направите во наредните денови.
План за работната недела
Врз основа на распоредот на обврските кои се веќе пред вас и оние кои допрва треба да бидат на вашиот распоред, направете план за овонеделната работа. Погрижете се планот да се заснова на приоритети - дали по временскиот рок во кој треба да извршите одредени задачи, нивната сложеност или важност. На овој начин ќе бидете сигурни дека се ќе биде завршено кога и како што треба.
Кога ќе завршите со правење план - не отстапувајте од него, за да не си направите уште повеќе работа отколку што всушност имате. На овој начин ќе можете да го искористите вашето време на најдобар можен начин, а потенцијално ќе избегнете прекувремена работа.
Станете порано
Колку и да го сметате понеделник за стресен ден – сепак најдобро би било да го „продолжите“ така што ќе станете малку порано од вообичаеното. На крајот на краиштата, имавте цел викенд за одмор, а сега започна работната недела, чиј успех во голема мера зависи токму од понеделникот и како ќе го искористите овој ден.
Ако станете само половина час порано, ќе имате доволно време да подготвите се што ви треба за да можете да блеснете првиот ден од неделата и да бидете што е можно повеќе подготвени за работното темпо од кое се одморавте претходните два дена.
Најтешките работи од рано наутро
Еден од докажаните рецепти за успех е прво извршување на најтешките задачи. Иако никому не му се допаѓа ова - но чувството што ќе го добиете потоа вреди да се трудите да ја направите најтешката работа за вас токму на почетокот на денот (неделата).
Средете го работниот простор
Пред да започнете било што, најдобро би било да го организирате вашиот деловен простор. Тие 10-тина минути средување на работната маса и околината ќе бидат доволни за да го започнете денот со уште поголем ентузијазам - бидејќи сè околу вас ќе биде „под конец“ - и подготвени сте за нови работни победи.
Позитивен став
Секако, нешто што е неизбежно доколку сакате успех и напредување, а пред се добра работа, е позитивниот став за се што правите. Доброто расположение во понеделник наутро (и секој друг ден) може да ви овозможи утринска медитација или слушање музика која ви се допаѓа и која ќе ве исполни со позитивна енергија.