Отворен е најголемиот хрватски инфраструктурен проект - мостот на Пељешац.
Мостот е дел од проектот „Патно поврзување со јужна Далмација“ и ќе ги поврзува копното и Пељешац, а со тоа и југот на Хрватска, со остатокот од земјата.
Мостот го изгради кинеската компанија China Bridge and Road Corporation, а со подигање на последниот, 165-ти сегмент од челичната конструкција на распонот, мостот беше целосно поврзан на 29 јули минатата година и се протега од Комарна на копното до Бријешта на Пељешац.
Rimac Nevera ќе стане првиот автомобил што ќе го помине мостот.
Од другата страна на мостот, од Бријешта, автомобил ќе тргне со поранешниот трикратен европски шампион во планински трки Нико Пулиќ.
Пељешкиот мост е отворен за посетители од 10 часот.