Зголемувањето на минималната плата изминативе месеци предизвика бран на наезадоволства и барања за зголемување на платите на администрацијата, образованието и во низа услужни дејности.
Но, според синдикатите, надлежните водат погрешна политика, мислејќи дека можат да се справат со кризата а податоците го покажуваат спротивното - дека разликата меѓу просечната нето плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари.
Сојузот ги потсетува надлежните, општините и газдите од приватниот сектор дека Кривичниот законик се применува за сите подеднакво, без исклучок, а предвидува – секој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите, или за забрана на прекувремената или ноќната работа, и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
извор: www.dw.com