Советот на Град Скопје по барање на такси компании и здруженија, донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.
Со оваа одлука се воведуваат три тарифи за пресметување на цената на авто-такси превозот, помеѓу кои, компаниите ќе можат самите да одлучат по која тарифа ќе ја пресметуваат цената на превозот, без оглед на цената на горивата.
Според новата одлука, Тарифа 1 ќе биде 40 денари за старт на превоз, 25 денари за секој изминат километар и 300 денари ќе биде за чекање во место за еден час. За Тарифа 2 цените по истиот редослед ќе бидат 50 денари со 30 и со 420 денари, додека за Тарифа 3 цените ќе бидат 60 денари старт со 35 денари километар и 420 денари стоење во место.
извор: lokalno.mk