Според измените на Законот, вработените ќе земаат повисока плата за 15%.
Според законот треба да се постигне еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.
Законот има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво. Законот овозможува да се постигне еднаквост во најниските примања на затворската полиција.