Кога се обидувате да најдете нова работа, најбитно е да се истакнете од другите кандидати и да бидете оној што регрутерите ќе го забележат. Регрутерите велат дека наведување на вашите сертификати во вашето резиме е еден од начините со кој можете да го подобрите вашиот профил. Но, оставањето на ѕвезден втор впечаток е уште поважно. Еве неколку совети за да го привлечете (и задржите) вниманието на регрутерот.
Додавање на сертификати кои ги импресионираат регрутерите
Регрутерите секогаш во огласите за работа наведуваат какви сертификати бараат при изборот на идеалниот кандидат.
Како ова ќе ви помогне: Вашето резиме или апликација за работа ќе се истакне од другите кандидати. Исто така ќе научите кои сертификати ви се потребни и можат да ви помогнат за да напредувате.
Зборувајте за вашите квалитети и карактеристики во текот на интервјуто
Регрутерите и менаџерите за вработување секогаш бараат специфични особини во кандидатите во текот на интервјуто. Доколку сте во период кога барате работа, можете да бидете искрени за тоа. Размислете за вашите клучни особини што интервјуерите најмногу сакаат да ги слушнат.
Како ова ќе ви помогне: Подготвени сте да одговарате на прашањата од регрутерите и менаџерите за вработување со јасност и поголема самодоверба.
Испратете добро напишано електронско писмо по интервјуто до регрутерот
Поврзување со регрутерите е една од најдобрите стратегии која може да помогне вашата апликација да се истакне од другите кандидати и да ја добиете работата што ја сакате. Нивната работа е да го најдат совршениот кандидат за позициите што треба да се пополнат. Регрутерите сакаат да слушнат од вас, иако тие добиваат многу меилови и нивното време е драгоцено, погрижете се со вашата порака да ги импресионирате.
Како ова ќе ви помогне: Добро напишано електронско писмо ве истакнува како кандидат и може да направи разлика помеѓу вас и другите баратели на работа.