Мора да внимавате патникот да не ви избега без да плати (да, за жал, се случува и тоа). Мора да бидете подготвени за грабеж (никогаш не знаете кој седи до вас или зад вас).
Професијата такси возач е убава затоа што работните часови ви се флексибилни, работите сами, односно до вас немате шеф кој ви дише во вратот, постојано запознавате нови луѓе и им помагате да стигнат до посакуваната дестинација, доколку сакате поголема заработувачка, можете да работите прекувремено итн.
Но, оваа професија има и многу негативни аспекти и навистина понекогаш не е лесна. Замислете само возење по снежни замрзнати улици или пак кога надвор е 40 Целзиусови степени и сонцето ве пече преку прозорецот...
Тешката страна на професијата такси возач:
- - Мора да работите во смени и кога сте трета смена да земате пијани девојки/момци од клубови во 3 часот наутро.
- - Мора да знаете како да останете смирени и во најстресните ситуации и тоа неретко доаѓа до физичка, но и психичка исцрпеност.
- - Мора да внимавате патникот седнат одзади да не ви избега без да плати (да, за жал, се случува и тоа).
- - Мора да бидете подготвени за напад и грабеж (никогаш не знаете кој седи до вас или зад вас).
- - Мора да ја одредите точната доза на разговор со клиентот (да бидете пријатни, но не и нападни).
- - Мора да ги знаете сите улички во градот, а и да знаете како да се снајдете кога ќе заглавите некаде.
- - Мора да бидете многу внимателни затоа што постојано сте дел од сообраќајот во кој има многу несовесни возачи.
извор: crnobelo.com