Од вкупно 533.659 згради во С. Македонија, само 13.142 или 2,5 отсто имат пристап за лица со посебни потреби, пишува во четвртиот сет податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година. Овој изненадувачки мал процент покажува дека речиси никој од градежниците не се грижи за лицата со посебни потреби и не гради пристапни патеки до објектите.
Има и 7.233 згради за кои е непознато дали имаат пристап за овие лица. Во Скопје пак, 84.545 згради немаат вакви пристапи, а само 3.998 објекти имаат. Општина во која има најголем број згради во кои нема вакви пристапи, после Скопје, е Куманово, каде што има дури 26.904 станбени објекти во кои пристап за лицата со посебни потреби не постои.
Пристапни патеки, но и специјални лифтови треба да има и во секое училиште. Инаку, постои правилник за начинот на обезбедување на непречен пристап, движење, престој и работа на лица со со инвалидност до и во градби со јавни и деловни намени, градби со намена домување во станбени згради, како и градби со станбено-деловна намена. Согласно членот 2 од овој правилник, пристапноста, унапредувањето на пристапноста и прилагодување на градбите, се обезбедува со проектирање и изведување на тие градби на начин кој содржи елементи на пристапност и/или ги задоволуваат условите за употреба на помагала кои ги користат лицата со инвалидност на начин и во случаите пропишани со овој правилник.
Целиот текст прочитајте го на meta.mk