Со цел да се спречи фрлањето на храна, индискиот ресторан „Казанова“ во Баден, кантон во северот на Швајцарија, одлучи да воведе симболична казна од пет франци за сите гости кои фрлаат храна.
Сопственикот Салман Гаури израснал во Индија каде што голем дел од населението нема доволно храна и сакал да ги потсети луѓето да бидат благодарни за она што го имаат.
„Во Индија храната е скапоцена и затоа не ја фрламе“, изјави Гаури, кој живее во Швајцарија веќе 20 години.
Ресторанот „Казанова“, кој работи по принципот „јади колку што можеш“ за 20 евра, за време на ручекот е поставена шведска маса со цел гостите да можат да изберат што да јадат и колку количински им е доволно. Но, што ако не им се допаѓа тоа што е подготвено? Дали тоа значи дека мора "со сила" да јадат за да избегнат казна? Доколку имате желба да ја проверите оваа информација, посетете го преубавиот Баден.