Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучува за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела РКЕ одлучи цените на бензините, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот да останат непроменети. Дизелот, пак поевтини за два денари.
Ова се актуелните цени:
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 98,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 94,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 52,840 (денари/килограм)
извор: kurir.mk