Како да ги зголемите вашите шанси за да ја добиете работата ?
Денес, конкуренцијата може да го совлада секој, па дури и најискусниот кандидат кој се пријавил за некоја позиција. Нијанси одлучуваат кој ќе ја добие работата, а морето кандидати често вклучува и други со многу слично искуство и квалфикации. Па, за да ве изберат вас за позицијата која ја посакувате, морате да се покажете добро на интервјуто и да се издвоите од масата кандидати. Иако нема лесни и брзи тајни за успех, постојат неколку тајни факти кои можат да ви помогнат да поминете одлично на вашето интервју и да ви ја дадат најдобрата шанса за да ја добиете работата. Еве како можете да ги примените нашите совети и максимално да ја искористите вашата можност за да ги импресионирате регрутерите.
Голем број од апликантите се неподготвени - Затоа подгответе се
Ако погледнете на било која страница за совети за интервју за работа, секогаш првиот совет е „подгответе се“. Истражете ја компанијата, вежбајте ги прашањата и подгответе ги вашите одговори. Многу малку апликанти го прават тоа, искористете го ова како ваша предност. Колку повеќе време одвоите за да се подготвите, толку подобро ќе поминете на интервјуто.
Имајте суштина во тоа што го зборувате
Покажи, не кажувај. Не зборувајте како вие сте вреден работник, докажете го тоа со факти и достигнувања. Повеќето апликанти не ги поткрепуваат своите тврдења со докази. Доколку имате можност, дајте што е можно повеќе суштински одговори.
Вежбајте за интервјуто со некој што му верувате
„Mock interviews“ или лажни интервјуа можете да ги организирате со некој што му верувате, некој што ќе ве прашува тешки прашања, ќе ве оцени за вашите одговори, ќе ви даде совет и многу повеќе. Дури и едно лажно интервју може да биде многу корисно за да ја намали вашата анксиозност и да бидете помалку вознемирени на регуларното интервју.
Прашувајте паметни прашања
Вашите одговори се многу важни, но вашите прашања можат да остават извонреден впечаток. Колку повеќе поставувате паметни и интересни прашања, толку е поголема веројатноста дека регрутерот ќе ве запамти. Ако прашањата навистина ви се одлични, динамиката на интервјуто може да се промени – работодавачот ќе се почувствува како да треба да ви се докаже, а не обратно.