Наместо да се решава проблемот со паркирање во Градот Скопје, главниот град од година во година се соочува со поголем проблем поради хаосот во паркирањето.
Градската администрација и јавното претпријатие „Градски паркинг“ се насочени кон издавање на нови бесплатни дозволи за паркирање, но не и кон изградба и инвестирање во монтажни гаражи, катни гаражи и други јавни површини кои би можеле да се пренаменат во паркинзи.
Од јавно достапните податоци објавени од ЈП „Градски паркинг“-Скопје може да се забележи дека во 2021 година биле издадени рекорден број на бесплатни дозволи за паркирање на категоријата „станари“ – дури 139.819. Во споредба со 2020 година, лани бројот на овие бесплатни дозволи е зголемен за над 15.000. Наспроти ова, јавното претпријатие во 2021 година успеало да пушти во употреба само 38 нови места за паркирање.
Целата содржина прочитајте ја на meta.mk