Од министерството за образование велат дека подигнувањето на степенот на инклузивност на националниот образовен систем е стратешки приоритет и клучна цел во програмата за работа на ресорното министерство
Од таму велат дека континуирано, се насочуваат сé повеќе средства и активности во чија реализација се вклучуваат голем број општествени чинители. Во таа насока е воведена и услугата образовна асистенција како обврска на државата уредена со закон.
„Ангажирањето на образовни асистенти за учениците со попреченост кои следат настава во редовните основни училишта повеќе не е грижа и трошок за семејствата на учениците. Минатата учебна година, беа ангажирани 500 образовни асистенти, од кои 260 во скопскиот, кумановскиот и полошкиот регион и 240 асистенти во други три региони, односно по 80 асистенти во вардарскиот, југоисточниот и пелагонискиот регион“,
велат од Министерството за образование и наука
Дополнително велат дека за новата учебна 2022-2023 ќе бидат ангажирани вкупно 720 асистенти, а јавните огласи ќе бидат објавени од страна на училиштата со ресурни центри во текот на следните неколку денови.
„Согласно Правилникот за нормативот, описот на компетенциите и работните задачи на образовниот и личниот асистент, образовен асистент може да биде лице кое се стекнало со звање: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог со завршено VII/1 степен т.е. VIA според македонската рамка на квалифкациии МРК или 240 ЕКТС, како и лице кое што ги исполнува условите за наставник воодделенска настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС), односно наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI A според МРК или 240 ЕКТС)“,
стои во соопштението на МОН
По конечниот избор, образовните асистенти ќе бидат вработени во основните училишта со ресурсни центри, со месечен надомест и платени придонеси од задолжително социјално осигурување.