Ветеринарството е можеби една од најнепопуларните струки за младите во Република Северна Македонија. Во 2019 година на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола дипломирале вкупно 19 студенти, а следната 2020 година бројот бележи пад на само 5 апсолвенти.
Нешто повисока е бројката на дипломирани студенти на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде и во 2019 и 2020 година дипломирале по 13 студенти.
Покрај тоа што интересот за ветеринарна медицина е особено низок, во Македонија е низок трендот и на ветеринари што имаат специјализација во одредена област.
Освен недостигот на ветеринари што се стручни во одредена област за животни што луѓето во земјава ги земаат за домашни миленици, во Македонија има низок процент на интерес за вакцинација на домашните миленици.
Повеќе информации на темата прочитајте на следниот ЛИНК.