Ажурирањето е завршено, корисниците на Huawei и iPhone и тие може да ја преземат новата верзија, додека од Play Store уште нема повратна информација кога новата верзија ќе биде ставена во оптек.
Апликацијата има нови правила, политика на приватност, како и огромен број корисници поради што се одолговлекува процесот за проверкa.
Во меѓувреме, корисниците може да ги користат баркод читачите и скенерите во сите подрачни единици на УЈП.
Според директорката на УЈП, оваа апликација помага во делот на сузбивање на сивата економија со тоа што граѓаните бараат повеќе фискални сметки на местата каде што пазарат, но истакна дека треба да се вложат повеќе други делови од општеството и сите инспекциски служби за да се избориме со сивата економија.
Повеќе средства ќе има за социјална помош, земјоделство, придонеси за плати, зголемени пензии но и повеќе средства за енергетска ефикасност. Мерките ќе бидат навремени бидејќи во моментот се следат сите капацитети.
извор: kurir.mk