`Ржаниот леб достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот 84, а белиот на парчиња од 56 денари. Цените се нешто пониски во поголемите маркети, но речиси никаде веќе не може да се најде леб под 50 денари. За една година, за одредени типови на леб, цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.
Новите цени на лебот се повисоки за 8 до 10 отсто. Причина за ваквото зголемување се скапите енергенси, велат од мелничко-пекарската индустрија.
Промена забележале и граѓаните. Велат дека од пред неколку дена, речиси сите видови леб имаат зголемени цени. Очекувањата се дека цената на лебот и натаму ќе оди нагоре, паралелно со растот на цените на енергенсите.
Маржата на лебот останува ограничена на 5 отсто до крајот на септември. Дали и какви антикризни ќе има потоа, засега не се знае.
извор: zelenaberza.com.mk