Веројатно на Охриѓани им дошло преку глава од постојаните негативни коментари насочени кон нивниот град па викендов на социјалната мрежа Фејсбук а во групата Охриѓани се појави повик за Организирано патување за Скопје со агенда се што прват Скопјаните во Охрид сега Охриѓаните да го направат во Скопје, чисто да се види како е да бидете во нивна кожа. Повикот изгледа вака:
Се информирет сите Охриѓани дека ќе имаме организирано патување за Скопје.
Програмата за патувањето:
- 8.00ч збирно место на Туристичка кј банкана.
- 9.00ч тргвиме во колона за Скопје.
- 12.00ч паркирање на плоштад Македонија, кој каде сакат мојт слободно да се паркират.
- 13.00ч фрлање отпад по центарот на Скопје. И да имат корпи, слободно најлончињата со ѓубре да си ги остајте по улица!
- 14.00ч мочање во Вардар и по центарот на Скопје. (Бидеќи не сакаме да ви го загрозиме здравјето, немат да имат сркање со лајца од Вардар)
- 14.30ч скара пред ГТЦ, варење кафе на плинско, сето ѓубре го оставаме пред ГТЦ.
- 15.30ч сликање фискални сметки од Скопските кафичи.
- 16.30ч Викање по улици, скандирање дека Белград е поевтин од Скопје. Замарање на Скопјани.
- 18.00ч Враќање во колона за Охрид, ама првин да ги блокираме главните улици низ градот.
- 21.00ч Плукање на Скопје по социјалните мрежи.
Се молет сите кој учествувет утре да носат со себе:
- Пиперки, патлиџани, месо и јајца
- Пиво, вода и сок, све во пластични шишиња.
- Шо појќе пластични најлончиња
- Столчиња и маси
- Плинско
- Скара на ќумур
- 500 денари за патарина, за Скопје немат да ви требет, само фискални ќе сликаме.
Се надеваме на голем број Охриѓани, пријавување во коментар