Речиси секој студент се нашол во ваква ситуација каде се прашува: „И сега што?“ по завршувањето на факултетот.
Многу е лесно да паднете во некаков очај и да не знаете што да правите со себе по завршувањето на факултетот бидејќи студенскиот живот е веќе минато. Пријателите и цимерите со кои што сте поминувале многу време заедно исто така треба да продолжат по нивниот пат, а студенските ноќи се незаборавни нели?
Еве неколку причини како да останете смирени и да продолжите со новото поглавје во животот:
Верувајте во себе
Добрата вест е дека уште сте во раните 20ти години. Верувајте во себе и не се разочарувајте доколку вашата апликација за работа е одбиена. Не се споредувајте со другите. Доколку вашиот цимер ја добил работата од соништата, не е време за разочарување. Тоа не е знак дека сте потфрлиле во животот, туку дека едноставно дека некои луѓе имаат повеќе среќа. Животот не е секогаш фер, а вие допрва ќе го научите тоа.
Предизвикајте се себеси
Факултетот беше предизвик кој што успешно го завршивте нели? Па, време е за нов предизвик. Некој сака да патува и да ги истражува другите култури, а повеќето луѓе кои го прават тоа добиваат одлично искуство и се збогатуваат доживотно. Некои работи само треба да се доживеат за да се научат.
Дипломата нема да ве изневери
Ако одлучите дека сè уште не сакате да ја работите работата за која ви е предодредена вашата диплома, не значи дека сте потрошиле толку многу пари на образование за да ја добиете. Постојат многу опции на пазарот и вашата диплома може да ви помогне да работите некоја друга работа поврзана со вашата професија.
извор: goce.mk