Над 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од септември ќе бараат работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.
Граѓаните на Србија, Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји преку проектот „Отворен балкан“, преку идентификациски броеви без дополнителни административни бариери. Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесува своите податоци преку порталот е-Влада и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“. Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји. Целта е постапката треба да е иста во Србија, Македонија и Албанија.
извор: faktor.mk