Секој кој оди на одмор во Италија би можел да биде пред неочекувано изненадување поради новите правила што ги донесе италијанската влада.
Имено, во некои градови не е дозволено туристите да покажуваат премногу изложена кожа, а доколку решат да не го почитуваат законот, следуваат високи казни.
На одмор луѓето главно се облекуваат лежерно, особено ако планираат да го поминат денот на плажа. Со новиот топлотен бран, Луцифер, кој се шири низ Европа и неподносливите температури, не е ни чудо што мажите ги соблекуваат кошулите, а жените облекуваат бикини. Меѓутоа, доколку тоа го се случи сега во Италија, постои ризик од казна и до 500 евра.
извор: kanal5.com.mk