Истражувачите од Универзитетот Колубија утврдија врска помеѓу ниските плати во средните години и когнитивниот пад во постарата доба, откривајќи дека оние кои заработувале помалку во животот, по пензионирањето доживеале пад на когнитивните способности за памтење.
Ниските плати се потенцијален проблем на јавното здравје, зашто понискиот социоекономски статус е детерминанта на бројни негативни здравствени исходи. „Во САД, федералната минимална плата од 2009 година остана 7,25 долари за еден час. Иако оттогаш е зголемен економскиот раст, растот на платите - особено е забавен кај оние работни места со ниски плати, а минималната плата не ја следеше инфлацијата“, пишуваат истражувачите во студијата, претставена неодамна на Меѓународната конференција на Алцхајмеровата асоцијација 2022 и која ќе биде објавена во American Journal of Epidemiology.
За да го испитаат тоа, истражувачите ја погледнале Студијата за здравјето и пензионирањето - истражување на Универзитетот во Мичиген меѓу Американци постари од 50 години заедно со нивните сопружници кои се собираат секоја година - и ги интервјуирале учесниците родени помеѓу 1936 и 1941 година. Истражувачите ги испитале нивните податоци за платите во текот на средната доба (1992-2004) и нивните резултати од памтењето во постарата доба (2004-2016) до смртта, напуштањето на студијата или завршното испитување, спроведено во 2016 година. Откриле дека луѓето со ниски плати на секои 10 години доживуваат уште една година когнитивен пад.
Нискиот приход во домаќинствата на средни години е поврзан со „поголема деменција, смрт предизвикана од деменција, когнитивната функција и субјективниот когнитивен пад. Истражувачите укажуваат на студии кои сугерираат дека нискиот приход во домаќинствата на средни години е поврзан со „поголема деменција, смрт предизвикана од деменција, когнитивната функција и субјективниот когнитивен пад.“
Во моментов повеќе од 53 милиони работници заработуваат ниски плати, а уделот на оние кои заработуваат ниски плати меѓу работниците на возраст од 18 до 64 години е зголемен последниве две децении. Со оглед на намалената куповна моќ на минималната плата со текот на времето, заедно со растечкиот удел на оние кои примаат ниски плати, значителен дел од денешната работна сила во САД веројатно се соочува со економски тешкотии.
извор: okno.mk