Дали решение e пензионирањето на 70 години?
Пред неколку дена во Германија на насловните страници се најде оваа вест: „Толку многу млади луѓе како никогаш досега“ На крајот на 2021 година, секој десетти жител беше на возраст од 15 до 24 години. Од друга страна, повеќе од 18 милиони луѓе постари од 65 години живеат во Германија.
Германија е среде големи демографски промени – и тоа пред се значи дека општеството старее. Има премалку имигранти, а не се раѓаат доволно бебиња за да се олесни тоа барем донекаде. Долгорочно, тоа значи дека луѓето ќе ги почувствуваат последиците од ваквите промени прво на нивните пензии.
Во Германија пензиите се финансираат преку „системот на меѓугенерациска солидарност”. Тоа значи дека работоспособното население ги финансира сегашните пензионери. Луѓето кои работат и плаќаат социјално придонесуваат во пензискиот фонд на ист начин како и денешните пензионери, додека тие самите беа способни да работат, ги финансираа пензионерите од минатото. Таков модел се практикува во многу земји. Во некои од нив, како на пример во Шведска, има дополнителни фондови чија цел е да генерираат дополнителен профит. Во Германија државата веќе ги субвенционира пензиите преку даночни приходи.
Статистиката покажува дека луѓето со понизок степен на образование умираат порано. Подоцнежното пензионирање за овие луѓе би значело и пократко време поминато во пензија. Пред да се подигне старосната граница за пензионирање, треба да се исцрпат другите опции: зголемена имиграција на квалификувана работна сила, подобра рамнотежа меѓу приватниот и работниот живот и повеќе инвестиции во подобро образование за младите.
Поврзувањето на возраста за пензионирање со очекуваниот животен век досега има повеќе недостатоци отколку предности.
извор: centar.mk