Германскиот производител на електрични возила Next.e.GO Mobile SE кој ќе гради фабрика во слободната зона во Тетово.
Станува збор за германски производител на електрични возила и системи за одржлива мобилност со седиште во Ахен. Компанијата е основана во 2015 година како e.GO Mobile AG од страна на RWTH Aachen и професорот Гинтер Шух.
Според информации кои ги доби ФАКТОР, компанијата барала локација во овој регион и одлуката паднала на Македонија. Возилата ќе се прават целосно кај нас, а компанијата ќе отвори над 500 нови работни места.
Што се однесува пак до цената, во Македонија сé уште не е познато за колку пари ќе се продаваат овие автомобили, но на официјалната страница на e-Go-Mobile, почетната цена на моделот e. WAVE. X е 24.990 евра. Може да се направи и резервација за 50 евра.