Во текот на утрешниот ден, 19.08.2022 година, поради реконструкција на водоводна мрежа ф 80 мм на ул. Козара бб, прекинато
водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Козара, информираа од Од ЈП Водовод и Канализацијa.
Прекинот ќе почне од 10:30 часот па се до завршување на работите.
Утре, 19.08.2022 година, поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Леринска бр. 1 во населбата Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од ул. Леринска и дел од ул. Ловќенска, најавуваат ЈП Водовод и Канализација.
Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работите.