Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Согласно последната одлука донесена од РКЕ, цените на бензините и мазутот не се променија.
Цените на дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 2 денари.
Ова се актуелните цени на горивата:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 88,50 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 88,50 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 52,814 (денари/килограм)