Американскиот производител на автомобили Форд ќе отпушти повеќе од 3.000 работници, бидејќи расте стравот од рецесија во САД
Претседателот на компанијата Бил Форд и извршниот директор Џим Фарли испратија документ со кој ги информираа вработените за отпуштањата.
„Градењето на иднината бара менување и преобликување на речиси секој аспект од начинот на кој работиме повеќе од еден век“, се вели во меморандумот потпишан од Форд и Фарли, пренесува NBC.
Форд не е единствената автомобилска компанија која неодамна отпушти вработени.
Rivian отпушти 6 отсто од својот персонал, стартап Argo AI кој работеше со Ford, отпушти околу 150 вработени, додека Tesla отпушта работници кои помогнаа во обуката на Автопилот системот.