Претпладне со сончеви периоди. Попладне, во вечерните и ноќните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. УВ=6
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне и во вечерните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 28 степени.
И во четврток ќе се задржи променливо облачно, посвежо и нестабилно време, на повеќе места во попладневните и вечерните часови со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево време со пораст на дневната температура, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.