Групацијата FAANG (Facebook, Apple, Amazon, Netflix и Google) загуби вкупно 827 милијарди долари од пазарната капитализација оваа година. Apple беше најдобар во групата со пад од само 3 отсто, додека Netflix загуби дури 58 отсто од вредноста, пред се поради слабиот раст на новите претплатници, но и успехот на конкурентот Disney Co., кој го престигна нив со 221 милион гледачи.
Од друга страна, нафтените компании бележат историски високи профити. Најголемиот меѓу нив, Saudi Aramco, забележа скок на кварталната добивка од 90 отсто, што е највисок квартален нето приход од излегувањето на берзата во 2019 година. Сето ова се случува, се разбира, врз основа на моментално високите цени на нафтата.
Saudi Aramco генерира милијарди приходи за Саудиска Арабија, чиј БДП само во вториот квартал порасна за 11,8 отсто на годишно ниво.
Tesla официјално ја мина границата од 3 милиони произведени возила. Илон Маск и честиташе на фабриката во Шангај каде го произведоа својот милионски автомобил викендов, по неколкумесечни недостиг и блокади во Кина поради кризата со Ковид 19, пренесува Bankar.me.